-->
-->
Откажано Собранието на Фудбалската федерација на Македонија
-->

ФФМ го откажа Собранието на кое требаше да се бира наследник на Илчо Ѓорѓиоски на функцијата претседател, а кое беше закажано за 1 септември, а истото дополнително ќе треба да биде презакажано.
Во продолжение информацијата на ФФМ објавена на нивниот веб сајт за причините за откажувањето на Собранието.
-Комисијата за жалби при Фудбалската федерација на Македонија постапувајќи по поднесените жалби по одлуки на Комисијата за извори и верификација на ФФМ, а во врска со поднесените кандидатури за претседател на ФФМ ги потврди одлуките на Комисијата за избор и верификација на ФФМ.
-Кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, предложен од ОФС Кавадарци, Сашко Тасев ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.
- Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 01. септември 2018. година поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува.
-Управниот одбор на ФФМ, администрацијата и другите тела и органи на ФФМ во наредниот период активно ќе работат со цел организација на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател почитувајќи ги одредбите од Статутот на ФФМ и водејќи сметка да се обезбеди максимална конкурентност и транспарентност во целиот процес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
