Loading Video...
Кошарка
30. January 2020 - 16:18

Отсуството на публиката дополнителен мотив за МЗТ Скопје во дуелот против Хелиос

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен го играат натпреварот против словенечкиот тим Хелиос
 
Во рамките од 18.коло на регионалната АБА 2 лига, македонскиот првак МЗТ Скопје го пречекува тимот на Хелиос, но пред празни трибини. 
 
Казната која беше потврдена од АБА лигата, за настап пред празни трибини МЗТ ќе ја „отслужи“ вечерва, но тоа ќе биде и дополнителен мотив за аеродромци да му се реваншираат на словенечкиот тим за минималниот пораз во дуелот од 7.коло кога Хелиос славеше со 78-76.
 
„За нас голем хендикеп е што ќе играме пред празни трибини, но играчите се свесни за значењето на овој натпревар, а нема поголема мотивација од тоа. Ќе направиме се за да дојдеме до победа на домашен терен, а со тоа да бидеме уште поблиску до примарната цел, а тоа е пласман во плејофот“, истакнува тренерот на аеродромци Ѓорѓи Кочов. 
 
Во пресрет на овој меч кој започнува од 19 часот, МЗТ Скопје со ефект од 12 победи и пет порази е на второто место на табелата, додека Хелиос со „скор“ 8-9 е рангиран на деветтата позиција.