Македонија
3. October 2022 - 12:33

„Отворен Балкан“ има потенцијал да го зголеми туризмот, но потребни се стратегии

„Отворен Балкан“ е новата реалност која што треба максимално да ја искористиме за развој на туризмот, а за тоа како држава сега ни е потребна нова стратегија за овој сектор која ќе биде адаптирана на 12 милиони потенцијални посетители. Сепак за да се создаде оваа државна стратегија таа треба да се базира на локланите стратегии за развој на туризмот на секоја општина поединечно. За жал кај нас се уште има општини без вакви стратегии. 

„Мораме да имаме нова стратегија, мораме да нов закон за туристичка дејност, мораме заедно да работиме на локално ниво и да ги зајакнуваме нашиите редови и зошто да не руралниот туризам во наредните неколку години не ни донесе повеќе милиони ноќевања. Тоа ќе значи повеќе работни места, повеќе млади луѓе да останат тука и да се намалии миграцијата“, истакна Љупчо Јанески, директор на Агенција за поддршка и развој на туризмот.

Општина Прилеп во последниве 10 години го најде својот рецепт за привлекување на странски туристи, а тоа е фестивалскиот и авантуристичкиот туризам. Пиво фест, Војдан Чернодрински, Карневалот Прочка, фестивалот Пеце Атанасовски, болдерингот, параглајдеризмот, мото крос трките, даун хил натпреварите, привлекуваат илјадници гости од целиот свет. Но сепак за подобар развој на овој сектор недостасува одделение за туризам во општината. 

„Самото одделение и вработените ќе можат да си изготват конкретна стратехија за туризам, ќе можат сите вработени во тоа одделение да се обучат, да посетуваат настани, меѓународни или локални, односно да го претстават Прилеп пред пошироката јавност“, рече Гоце Бојкоски, советник во ЛЕР, во Општина Прилеп.

И од Општина Крушево шансата за што е можно повеќе туристи ја гледаат во авантуристичкиот и конгресен туризам по кој што е познат овој град. Но велат потребна е подобра инфраструктура.

„Со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ние искомунициравме досега и разменивме одрени мислења и податоци за одредена нациионална стратегија за туризам. Адресиравме на некои проблеми и потреби кои можеби треба да влезат во новата национална стратегија, а тоа е како што е реконструкција на регионалниите и магистрални патишта за кои сметаме дека би требало да се подобрат“, кажа Сотир Габелоски, Општина Крушево.

За 2022 година се очекуваат 2,6 милиони ноќевања и нешто повеќе од 400 милиони долари приход од туризмот.