„Отворен ден на архивите“ на 1 август
На први август, од 18 до 22 часот во сите одделенија на Државниот архив на Република Македонија ќе се организира манифестацијата „Отворен ден на архивите“.
Манифестацијата има за цел презентација на историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на архивите и промоција на архивистичката професија. Се организира по повод националниот празник 2 Август.
Вратите на Архивите ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители, а вработените од Архивот ќе ги информираат посетителите за архивистичката дејност;
Во холовите на архивите ќе бидат поставени изложбени поставки, ќе бидат изложени најстарите, најрепрезентативните и најинтересните документи што се чуваат во депоата, а одредени публикации на Државниот архив на Република Македонија ќе можат да се купат со попуст.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за Мерко
-
Преглед на вести од светот
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов обид да се избере претседател на Уставниот суд
-
Дали ќе се продолжи дневната евтина тарифа на струјата за уште еден час?
-
Храната станува луксуз, Mакедонија се повеќе е увозно зависна
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК