Отворен повик за млади уметници на „Инкубатор“ програмата за култура

„Инкубатор“ програмата за култура објави нов отворен повик за аудиција во областа на три категории – современ танц, музика и визуелни уметности, кој трае до 12 следниот месец, а аплицирањето се врши електронски.
Пријавените кандидати – танчари, треба да имаат претходно познавање и владеење на техниката на современ танц. Аудицијата ќе се одржи во форма на класичен час по современ танц, со импровизација на одредена тема која ќе се постави за време на самата аудиција.
Заинтересираните музичари треба да аплицираат со своја кратка, оригинална композиција во траење од најмалку една до најмногу четири минути. Пријавените кандидати треба да имаат претходно композиторско искуство и соодветна подготовка да творат оригинална музика, наменски напишана за современ танц.
Сите заинтересирани визуелни уметници треба да аплицираат со кратка биографија и фотографии од најмалку две, а најмногу четири лични селектирани дела. Избраните ќе имаат можност да создаваат современ визуелен сценски амбиент.
Селектираните „Инкубатор“ уметници ќе бидат вклучени во продукциите на Интерарт културниот центар и Скопје танцовиот театар, кои ќе бидат прикажани на годинашниот Интернационалниот фестивал Танц Фест, како и во месец мај на повеќе сцени во Скопје и низ републиката.
Аудициите ќе се одржат на 14.03.2020 година, во просториите на Сцена Зебра и тоа во 11 часот за музичка продукција, во 12 за современ танц и во 14 за визуелни уметности.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
