Отворена 32-та меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“
Дванаесет ликовни уметници од шест Европски држави во претстојните седум дена ќе творат во амбиенталниот простор на манастирот свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка на 32-та сесија на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот.
- Авторите ќе творат по слободен тематски пристап, во разни сликарски техники, инспирирани од убавините на природата и духовноста на сакралното амбиентално место во кругот на манастирот и храмовите. Секој автор е должен да остави две од создадените дела во зборката на колонијата. Досега, во рамки на тридецениското постоење на колонијата создадени се безмалку 500 дела, сочинети во две збирки, една во Центарот за кулутра, Крива Паланка, каде има над двесте дела, останатите во манастирот, каде има повеќе од 250 слики, изјави професор Јордан Михајловски, координатор на колонијата.
На годинашната ликовна сесија на колонијата учествуваат реномираните ликовни уметници: Маркус Барвитски, Германија, Ева Ертл од Австрија, Диминика Пашковск и Реџина Бастијан од Пoлска, Силвија Михајлова, Бугарија, Демет Јаолчинкаја од Турција и нашите уметници: Димитар Стојчевски, Стефан хаџи-Николов, Христина Стојчевска, Ангеле Гавроски, Дејан Иванов-Балтон и Лазо Ѓоргиевски.
Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“ е препознатлива во светски рамки како единствена која е реализира во манастирски амбиент.
Колонијата ќе трае до 12 септември, а создадените дела на сесијата ќе бидат претставени пред јавноста на изложба која ќе се одржи во стариот манастирски конак на 11 септември во 19 часот и 30 минути.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар