-->
-->
Ова дете било киднапирано пред 8 години: Сега се појави живо, а мистеријата е поголема поради тоа што го направила неговата мајка
-->

Момчето Тимоти Пицен, сега на 14 годишна возраст, е најден како скита по улиците на градот Њупорт во американската држава Кентаки.
Малиот Тимоти бил киднапиран во 2011-та година во градот Аурора, во државата Илинои, а неговата мајка, во очај изврши самоубиство.
Детето им пришло на полицајците и им кажало дека успеал да им избега на двајцата киднапери, кои го држеле затворен цели 8 години. Во последно време го чувале во мотел во државата Охајо, а детето успеало да им избега и трчало колку што можело побргу цели два часа.
Така и влегол во државата Кентаки, кога го преминал мостот и влегол во градот Њупорт. Детето имало модрици по лицето и изгледало запуштено и вознемирено. Детето на полицијата им дало детален опис на киднаперите, кои според неговиот исказ, се набилдани бели мажи со тетоважи на пајак и змија на телото.
По разговорот во полицијата, детето било однесено во болница.
Полицијата од неговиот роден град Аурора, се уште не потврдува дали навистина станува збор за Тимоти или за измама. Тимоти исчезна на 11 мај 2011 година, кога татко му го одвел тогаш 6-годишното момче на училиште, а требало да го земе неговата мајка, Еми Фрај Пицен.
Мајката го однела детето на тридневен одмор, биле во зоолошка и неколку водени паркови, за по тоа да биде најдена мртва во мотел во Рокфорд. Полицијата регистрирала дека се пријавила во мотелот сама, без детето и дека извршила самоубиство со сечење на вените на рацете.
Пред да го изврши самоубиството, таа и пратила порака на бабата на Тимоти во која напишала дека го однела детето на безбедно место и дека ќе биде добро згрижен.
Tаткото на Тимоти изјавил дека во тоа време имал брачни проблеми со сопругата, но бил шокиран од веста за нејзиното самоубиство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
-

Мицкоски на презентација на извештајот на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
-

Делегација од Конгресот на локални власти на Советот на Европа во посета на Собранието
-

Во Франција поради насилство на протестите на средношколците приведени 5.060 лица, 14 се во притвор
-

Украина со 650 дрона ја нападнала московската област, 105 уништени на приодите кон Москва
-

Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок
