Македонија
24. April 2024 - 16:25

Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019

Според Државната изборна комисија, во првите шест часа од гласањето одзивот изнесува 26,35 отсто или околу 230 000 избирачи и тоа од обработени половина избирачки места.

„Според обработените податоци на ДИК за одзивот на гласање, најголема излезеност има во општина Новаци – 42,87 проценти , а најмала излезеност е забележана во Врапчиште – 10,11%“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Одзивот е значително поголем ако се спореди со претседателските избори од пред пет години.

„Споредбата со 2019, е точно за шест отсто поголема сега од 2019 година“, додава Даштевски.