Овие скопски населби утре ќе останат без струја

Поради технички зафати во електро - мрежата утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар, Чучер Сандево, Ѓорче Петров, Сопиште, Сарај, Шуто Оризари и Кисела Вода, информираат денеска од РЦУК на Град Скопје.
Од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат улиците „Живко Чинго“ и „Радњанска“ во општина Центар, од 12:00 до 14:30 часот ул. „Истарска“ на делот позади Олимписки базен во Центар, а од 9:30 до 15:00 часот селата Малино, Танушевци и Брест во општина Чучер Сандево.
Од РЦУК на Град Скопје информираат дека од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од улиците „Арсо Мицков“, „Пекљане“, „Антон Чехов“, „Тиранска“, „Пелинце“ и „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 11:30 часот с. Сопиште – улица 31 во општина Сопиште, од 10:30 до 14:00 часот с. Глумово во општина Сарај, од 16:00 до 18:00 часот ул. „Македонија“ бр. 16 во општина Центар, од 9:00 до 15:00 часот дел од улиците „Нов Живот“, „Страцинска“ и „Вашингтонска“ во Шуто Оризари, с. Долна Арнакија во општина Сарај, ул. „Востаничка“ во делот меѓу улиците „Банско“ и „Христо Узунов“ и дел од ул. „Ениџе Вардарско“ во општина Кисела Вода и ул. „Владимир Полажановски“ и ул. „20-ти Октомври“ во општина Центар.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
