Македонија
3. јуни 2020 - 17:05

Пациенти ги кријат симптомите и контактите од матичните лекари

Пациенти кријат кај матични лекари со кого имале контакт а не ги кажуваат  ниту симптомите на заразата. Според последната статистика семејните собири, седенки со најблиските се и најчестите услови во кои заболуваат. Граѓаните при овие настани се чувствуваат и најслободно, па вирусот го стекнале бидејќи не носеле заштитни маски а поминале повеќе време заедно во затворена просторија.

Во последниот период, типични симптоми кај заразените се покачена температура, болки во грлото. Др Солевски вели вирусот  реагира по 5 до 7 дена откако пациентите имале контакт со заразено лице.

Позитивни на ковид 19 со полесна слика се лекуваат дома а матичните лекари секојдневно ги испитуваат за состојбата. Дел од прашањата откриваат и превенираат евентуално влошување на состојбата. Солевски апелира, граѓаните да имаат доверба само во себе и да се заштитуваат, бидејќи вирусот  може да не покаже симптоми кај нивни блиски и да се пренесе.