Loading Video...
Кошарка
16. September 2021 - 13:17
Пад од две позиции на македонската репрезентација на најновата ФИФА ранг листа
Македонија се наоѓа на 74-то место на најната ранг листа на ФИФА, што е пад за две позиции.
Ова се должи на трите нерешени исходи против Ерменија, Исланд и Романија, во квалификациите за СП во Катар 2022 година.
Од нашите противници во квалификациската група, Германија е најдобропласирана на 14-тото место, Романија е 42-ра, Исланд е 60-ти, додека зад нас се Ерменија на 89-тото место и Лихтенштајн кој е дури на 188-то место.
На врвот Белгија останува прва пред Бразил, додека на третото место сега е Англија на сметка на Франција која е четврта. Во топ 10 уште се наоѓаат и Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->