Македонија
6. јуни 2023 - 19:02

Паднаа првите оставки во Судскиот совет

Паднаа првите оставки во Судскиот совет. Зоран Герасимовски од Апелација и Мирјана Радева Стефкова од Врховен се повлекоа во моментот кога претседателот на Советот одржуваше брифинг со новинарите.

Причините засега се непознати. Судскиот Совет не сака да коментира. Оттаму само потврдуваат дека се архивирани и дека ќе бидат разгледани на седница, која засега не е закажана. 

На прашањето – што овие оставки ќе значат за иднината на највисокото судско тело, ни рекоа дека нема да значи ништо и замолија за трпение до наредната седница. 

Професорот Гордан Калајџиев вели дека овој состав веќе нема легитимитет, а треба да се размисли и за реформа на моделот на Советот.

Од Коалицијата „Сите за правично судење“ кои први побараа саморазрешување на Судскиот Совет велат дека оставките треба да продолжат. Се сомневаат дека причина за превирањата е апелациониот судија, Енвер Беџети кој во фиока го држеше предметот за масовното прислушување.

Професорката Ана Павловска Данева, пак, вели дека ова не е почеток на реформа во судството, туку е прашање на личен интегр итет. Таа е наставот дека оставка треба да поднесат сите кои, како што рече, работеле спротивно на законот.

Неодамна холандскиот амбасадор го прогласи  Судскиот совет за нелигитимно и укина проект вреден 1 милион евра.