Паднале три метри снег: Ниските температури го замрзнаа морето во Хрватска
Сибирскиот студ, снегот и силниот ветар денеска го замрзнаа морето во заливот Ивињ во Тисно, Хрватска.
Најниската температура утрово во Хрватска е измерена во Завиждан, минус 21 степен Целзиусов, додека во Горски Котар паднале три метри снег така што од некои приземни куќи не се гледа низ прозорец, јавија хрватските медиуми.
Лекарите ги советуваат Хрватите како да ги преживеат овие студени денови, вклучувајќи го и тоа која храна е најдобро да се јаде.
Како што претходно јави МИА, под влијание на студениот сибирски бран што од исток се прошири кон Балканскиот Полуостров, целиот регион е зафатен од ниски температури и врнежи од снег, кој падна дури и во делови на јадранското крајбрежје.
Според Црногорскиот хидрометеролошки завод, најмногу снег во Црна Гора наврнал на Жабљак каде е формирана снежна покривка од 97 сантиметри, а снег има во Подгороца, Цетиње, Колшин, Шавник, Рожаје, Андријавица, Бијело Поље и Пљевља.
Снег паѓал вчера и во црногорското пристаниште Бар, кој набрзо преминал во дожд.
Директоратот за вонредни состојби при црногорското Министерство за внатрешни работи ги повика сите институции да го зголемат степенот на подготвеност пред налетот на студениот бран.
Најголемиот дел од Босна и Херцеговина исто така е прекриен со снег, при што највисока снежна покривка од 183 сантиметри е измерена на Бјелашница.
Во тој реон е измерена и температура од минус 16 степени Целзиусови, во Хан Пјесак од минус 11, во Тузла минус шест, Бања Лука и Сараево по минус пет, а во Мостар еден степен над нулата.
Снег од вчера паѓа и во цела Србија, каде исто така се измерени температури под нулата.
Снегот предизвика проблеми во одвувањето на сообраќајот во поголемиот дел од Балканот, пред се на повисоките места. Засега нема информации за жртви при невремето.
Метеоролозите најавуваат дека исклучително студеното време, проследено со ниски температури и снежни врнеж, ќе продолжи во текот на целата оваа недела.
Ново на Сител
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места