Свет
6. February 2018 - 9:52

Паднатиот руски пилот најпрвин убил двајца џихадисти, па ја активирал гранатата

Медиумите пренесуваат дека рускиот пилот, чиј авион беше соборен во Сирија, извршил самоубиство пред до него да стигнат терористи.

Дејли мејл пишува дека 33-годишниот Роман Филипов активирал бомба откако слетал на територијата на Сирија, бидејќи претходно се катапултирал од погодениот авион.

Тој успеал безбедно да слета по што извршил самоубиство за да не падне во рацете на терористите.

– Мајорот Филипов убил двајца џихадисти пукајќи со пиштол, а кога видел дека ситуацијата е безнадежна и дека не може да се извлечи активирал граната, се наведува во извештајот.

Претходно медиумите објавија дека пилотот е убиен во судир со припадниците на терористичата група што го обори неговиот авион.