Панама им даде азил на двајца врховни судии именувани од опозицијата во Венецуела
Панамската Влада им одобри политички азил на двајца судии од паралелниот Врховен суд создаден во Венецуела од опозицијата.
Министерството за надворешни работи на Панама соопшти дека позитивно одговорило на барањето за политички азил на Густаво Соса Исагуире и на Мануел Антонио Еспиноса Мелет.
Според панамското МНР, двајцата судии отишле во дипломатското претставништво на Панама во Каракас, бидејќи „добивале закани„ и биле „следени“.
Триесет и тројца судии положија заклетва пред Парламентот кој е контролиран од опозицијата. На тој начин беше создаден паралелен Врховен суд, бидејќи според опозицијата сегашните судии во Врховниот суд се именувани незаконски од поранешното мнозинство на Уго Чавес и се послушници на власта.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро најави строги казни за членовите на паралелната судска институција, како што е затвор и конфискување на имот.
Чилеанските власти, исто така, соопштија дека шестмина венецуелски судии побарале азил во амбасадата на Чиле во Каракас.
Ново на Сител
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило
-
Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
-
Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО
-
Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски
-
Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје
-
Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот