Македонија
31. October 2020 - 17:07

Пандемијата од Ковид-19 не ги спречи мигрантите - бројот на обиди поголем отколку претходната година

И во време на пандемија мигрантите не се откажуваат од намерата  по илегален пат да стасаат до некоја од западно европските држави. Најновите бројки  покажуваат значително зголемување на обидите за илегален премин на државните граници во однос на изминатите години.

За девет месеци македонски погранични органи имаат спречено над 25 500 обиди за илегални преминувања што е за околу 1000 обиди повеќе во однос на цела 2019 година или за над 8000 ако се направи споредба со 2018 година. 

Вообичаено, најголемиот број од спречените обиди се на границата со Грција каде од јануари до септември имало нешто повеќе од 22 илјади такви обиди.Исто како и во изминатите неколку години најбројни се државјаните на Авганистан и Пакистан, а потоа следуваат Бангладеш, Сирија, Мароко Иран.

Голема е бројката и на мигранти кои биле фатени како илегално минуваат внатре, на територијата на Македонија. Заклучно со септември полицијата открила 2700 лица или над 1100 повеќе ако спореди цела претходна година. Заедно со обидите за илегален премин полициската статистика бележи пораст и на пријавите  поднесени за кривичното дело криумчарење мигранти. За девет месеци поднесени се 56 такви пријави против 69 сторители.