Македонија
22. January 2021 - 20:41

Пандемијата од Ковид-19 причина за затворање на дуќаните во охридската чаршија

Во охридската чаршија секојдневно се затвораат дуќани. Се поголем е бројот со излози на кои пишува се издава, се продава, тотална ликвидација и распродажба на кои по ден два сопствениците им ставаат клуч на врата. Трговците велат дека ваквата слика низ градот е како резултат на пандемијата предизвикана од Ковид-19 но и високите кирии а побарувачката и продажбата е сведена на минимум.

Затворени се голем дел фризерници, берберници, парфимерии и бутици. Оние кој се уште работат велат дека откако почна кризата ретко кој им влегува во дуќан.

Инаку според податоците на регионалната занаетчиска комора во Охрид од регистрираните околу 250 занаетчии од почетокот на пандемијата до денес 12 од нив ги затвориле своите дуќани но нови 11 занаетчии започнале свој бизнис.