Loading Video...
Свет
4. October 2021 - 21:19

Пандора документи: Тајното богатство на светските лидери

Оф шор зделки и скриен имот на светски и балкански лидери, политичари, милијардери, познати личности и дилери на дрога откри истражуавњето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари наречено Пандора документи. Конзорциумот разгледал 11,9 милиони доверливи дкокументи од 14 офшор компании  ширум светот.

Околу 35 сегашни и поранешни лидири и над 300 функцинери ширум светот се поврзани со офшор компании, најчесто користени за тајно да се преместуваат огромни суми на пари и да се прикрива вистинскиот имот.

Меѓу документите е и името на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и членови на неговото семејство. Тие криеле богатсво во пет држави. Од Кабинетот на Ѓукановиќ  соопштија дека станува збор за уште еден во низата обиди за дискредитација на претседателот. Документи за офшор договори има  и за министерот за финансии на Србија, Синиша Мали. Тој преку две офшор компании чиј сопственик е тој купил 24 луксузни станови на брегот на Црното море во Бугарија.Опозицијата бара  итно разрешување на министерот  Мали. Во  досега обајвените Пандора документи е и јорданскиот крал Абдула, поранешниот британски премиер Тони Блер ,чешкиот премиер Андреј Бабиш и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.