Loading Video...
Свет
6. March 2021 - 21:42

Папата и ајатолахот Ал-Систини испратија порака за мирен соживот на муслиманите и христијаните во Ирак

Муслиманите да го прифатат  христијанското  малцинство во Ирак.  Христијаните  треба да живеат во мир и сигурност е заедничката порака што ја испратија папата франциск и највисокиот  шиитскиот духовен водач    Али ал Систини. Средбата се одржа зад затворени врати во домот на Ајатолахот во светиот град Наџаф. Кога папата влезе во куќата, неколку бели гулаби беа пуштени како симбол на мирот . Поглаварот на римокатоличката црква вчера допатува  во тридневна посета на Ирак. За неговата  безбедност  се грижат околу 10 000 приапдници на безбедносните сили. За утре е планирано  гостинот   да одржи миса на стадионот во Ирбил.

САД и ЕУ ќе се координираат за прашања од заеднички интерес.  Едно од нив е Западен Балкан е наведено во  соопштението  од Белата куќа по телефонскиот разговор помеѓу Џо Бајден и  Урсула фон Дер ЛАјен. Американскиот претседател и шефицата на Европската влада разговарале и за ковид панедмеијата, зајакнување на глобалната здратсвена бебзедност, постигнување одржливо глобално економска закрепнување и справување со климатските промени.  Лидерите се согласиле на 4 месеци да ги суспендираат  тарифите поврзани  со споровите во Светската трговска организација и да работа на нивното решевање,.

Безбедносните сили на Мјанмар денеска повторно  употребија   шок бомби и солазвец   за да ги растурат демонстрантите кои  повеќе од еден месец   протестираат  против воениот удар во земјата. Над 50 демонстрантиет биле  убиени во изминатите неколку денови соопшти  Канцеларијата за човекови права на ОН.