Бизнис
29. May 2020 - 19:48

Пари од државата ќе има за тие кои во првите четири месеци годинава оствариле нето приходи под 60.000 денари

Пари од државата ќе има за тие кои во првите четири месеци годинава оствариле нето приходи под 60.000 денари. Владата ги објави деталите за финансиска помош за граѓаните.
Примателите на социјална помош ќе добијат на располагање картичка со 9.000 денари.
Исто толку пари ќе има и за невработените кои активно бараат работа а 3.000 денари ќе добијат и вработените на минималец

За младите на картичката ќе има 3.000 денари, а докторите и медицинскиот персонал ќе добијат еднократен бонус од 40% на платата.

Парите може да се користат единствено за купување македонски производи или услуги без цигари и алкохол. Кеш од банкомат нема да може да се вади.

Листата на оние кои ќе можат да ги користат парите Владата ќе ја објави на интернет.

Картичките ќе ги изготвуваат банките во кои граѓаните имаат отворена сметка, а парите ќе може да ги користат дури и оние со блокирани сметки. Картичките треба да бидат во рацете на граѓаните најдоцна до почетокот на јули а парите парите ќе мора да се потрошат до крајот на месецот.

Но, фирмите се тие што ќе имаат полни раце работа.
Трговците ќе треба посебно да ги обележат македонските производи со ознаката КУПУВАМ ДОМАШНО. А, ќе треба и да издаваат фискална сметка која задолжително ќе содржи вкупен промет остварен од македонски производи, како и одделно пресметан ддв по тој основ.

За непочитување на одредбите предвидени се казни за правните лица во висина од 100 до 3.000 евра, како и дополнителна парична казна за одговорните лица во фирмата.