Парична награда за воено-медицинскиот кадар кој се вклучи во борбата против Ковид-19
Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19 ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.
-Владата го прифати предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20 000 до 30 000 денари, информираат од Министерството за одбрана.
Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во борбата со КОВИД 19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.
Ново на Сител
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа
-
Состојба на патиштата
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен пороен дожд
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание