Македонија
6. January 2026 - 16:30

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници

Од метафори дека Мицкоски е „царот што бил гол“, до тоа дека двоецот Заев – Филипче стана ЗаеФче. Продлжуваат препукувањата и празната реторика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и за време на новогодишни и божикни празници.

Опозициската партија и понтаму со соопштенија тврди дека Мицкоски го копирал срспкиот претседател Вучиќ, а тие го разоткриле.

-ВМРО постојано ги копира кампањите на СНС од Србија, особено кампањите што започнаа од кога се организирани протестите во Србија, од декември 2024 па до денес. Анти-ЕУ кампања, поделба на општеството (изјави на Мицкоски за секој неистомисленик: „талог на општеството“ и „медиокритети“) и слично. „Време е да се разбудиме. Царот е гол! Време е да го симнеме од престолот!“, порачуваат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, возвратија:

„Опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ. Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација“

Комуниколозите се дицидни, вакавата реторика преку соопштенија само ги заморуваат граѓаните, а афектите нема. Партиите наместо на гласачите за реашвање на некој проблем, си се обраќаат меѓу себе.