-->
-->
Пчелари од Делчево и Благоевград ќе формираат здружение
-->

Формирање здружение и заедничко изготвување стратегија за спас на пчеларството, договорија денеска пчелари од Делчево и Благоевград, Бугарија.
На првата заедничка средба во Делчево разговараа како да се справат со изумирањето и болестите на пчелите. Поради глобалното затоплување и употребата на пестициди, пчеларството, рекоа, претпрува големи штети. Смртноста кај одредени пчеларници годинава достигнала 20 до 80 отсто, а продукцијата се свела на два до четири килограми мед.
Како што изјави Јован Медарски од „Пијанечка пчела“, заедно со пчеларите од Бугарија ќе се договора
- Бугарија е во ЕУ и има поголем пристап до фондовите. Тоа значи дека заедно ќе работиме на унапредување на пчеларството. Оваа година е карактеристична со големата смртност на пчелите и немањето мед. Просечно, имаме смртност која се движи од 20 до 80 отсто по одредени пчеларници, додека од пчелно семејство, годинава се добива само од два до четири килограми мед што е многу малку, ако земе предвид дека во добра година има и по 16 килограми од еден пчеларник, истакна Медарски.
Венета Инфадиева од пчеларското здружение „Акација“ - Благоевград потенцираше дека соработката меѓи двете здруженија е многу важна, бидејќи од двете страни на границата проблемите на пчеларите се исти.
- Денеска имам средба со пчеларите од Делчево, за да се договориме за формирање заедничко здружение за да работиме на решавање на заедничките проблеми. Најголем проблем во моментов е глобалното затоплување и големата употреба на пестицидите. Голема смртност кај пчелите имаше и во Гоцеделчевскиот регион, истакна Инфадиева.
Здружението на пчелари од Македонија и Бугарија треба да се формира за еден месец по што од донатори од ЕУ и преку проекти ќе се бара спас за пчелите во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
