Македонија
6. January 2026 - 16:30
Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
Пчеларите од охридскиот регион се соочуваат со нелојална конкуренција и недостиг на организиран откуп.Фалсификуваниот мед, кој ги преплави пазарите е неприроден, најчесто глукозен сируп со сомнителен состав, кој тешко може да се препознае со голо око.
Загрижува и тоа што се намалува бројот на лица кои се занимаваат со оваа дејност. Потребни се засилени контроли и казни за оние кои манипулираат со купувачите.
И на интернет просторот многу често може да се забалежи продажба на лажен мед, кој се претставува како природен.
Пчеларите апелираат до граѓаните за да не бидат измамени да купуваат мед директно од производителите, а не од разни препродавачи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
