Loading Video...
Свет
28. May 2023 - 16:32

Педесетина дронови беа истрелани врз Киев минатата ноќ, спроти роденденот на градот

Најжесток руски напад со дронови врз Киев, ноќта пред прославата на родендеденот на украинската престолнина. Синоќа се лансирани над педесетина дронови врз градот, но киевската противвоздушна одбрана  има соборено поголем број од нив, но сепак во нападот има загинати и ранети. Според информациите на западните медиуми, украинската војска се подготвува за контраофанзива, но се соочува со проблеми да ги пополни своите редови, кои претрпеа големи загуби последниве месеци. И покрај огромната количина оружје и техника која доаѓа од НАТО, клучен е недостигот на војници, што е фактор за успех на фронтот.