Loading Video...
Спорт плус
30. December 2022 - 19:50

Пеле ја внесе магијата во фудбалот

 
Светот и денеска тагува по Пеле. Кралот на фудбалот почина по долго боледување во 83-тата година. Од големата бразилска фудбалска ѕвезда се простуваат љубителите на фудбалот од сите мередијани. Пеле беше првата голема ѕвезда на најпопуларната игра и го промовира фудбалот како игра на милиони. 
Легендарниот Пеле беше во  болница од 29 ноември на евалуација на хемотерапијата што ја примаше од септември 2021 година, кога му беше дијагностициран тумор на дебелото црево.
 
Наскоро болницата „Алберт Ајнштајн“ од Сао Паоло објави дека болеста напредува.
Во меѓувреме се појавија снимки на кои се гледаше како Пеле си игра со топката и таа слика им даде надеж на бразилските фанови  но тој не успеа да ја добие оваа битка.
 
Во текот на кариерата играше за Сантос и Њујорк Космос.
 
Пеле  е рекордер во репрезентацијата на Бразил и ја тресеше мрежата 77 пати во 92 натпревари и освои три Светски првенства.
 
Бразилецот почина во 83 година од животот, загуба која е голема за фудбалот, но и за сите негови познаници, пријатели каков што беше Франц Бекенбауер. Легендарниот германец  многу добро го познаваше Пеле затоа што играше заедно со него во Њујорк Космос.
-Фудбалот го загуби најголемиот во својата историја, а јас изгубив единствен пријател. Фудбалот секогаш ќе биде твој. Почивај во мир, -порача Франц 
-Отидов во САД во 1977 година затоа што навистина сакав да играм со Пеле во Њујорк Космос. Пеле ме обележа со тоа што само ме нарече брат што за мене е незамислива чест – изјави Бекенбауер, човекот кој има титули на мундијалската сцена како играч и како тренер.