Македонија
15. December 2019 - 16:24

Пендаровски бара интензивирање на реформите на патот кон ЕУ

Непријатните вести од Европскиот совет  во октомври да не бидат изговор за брзината и квалитетот на домашните реформи за полноправно членство во унијата.

Ова го порача претседателот на државата од состанокот на Унијата на европски федералисти на Македонија.

Според Пендаровски не постои замена за членството во ЕУ и покрај кризата во однос на проширувањето..

Шефот на дипломатијата смета дека неопходно е да се зголеми притисокот врз земјите членки на унијата,но и да не се дозволи земјата да влезе во замка да обвинува други држави.. За Димитров е важно да продолжат и домашните реформи..

„Ќе помогне многу ако сите парламентарни партии најдат сила да го донесат законот за Јавно обвинителство. Тоа е прашање што сосема ќе ја издигне нашата европска кандидатура и второ мислам дека е многу важно континуираното разговарање со земјите членки, да направиме се што можеме во смисла на работа ама да не подгреваме надеж дома“, изјави Никола Димитров, Министер за надворешни работи.

Црна Гора која се уште размислува дали да го прифати малиот шенген анализира како процесот ќе влијае на патот кон европската унија.. Амбасадорката Марија Петрович вели дека сакаат да бидат сигурни дека таквото регионално поврзување нема да ги оддалечи од европскиот колосек.

„Промената на методологијата и до сега била честа а преговарачкиот процес станувал се потежок. И врз основа на искуствата од претходните рунди на проширување а се постигнати помали или поголеми резултати во тој преговарачки процес, ние сме доведени во ситуација да преговараме на најтешкиот и најрестриктивниот начин“.

На октомврискиот состанок на Советот на ЕУ, беше најавена новата методологија за пристапување во европското семејство.