Пендиков: Бугарите во Северна Македонија се малтретирани од полицијата
Најистакнатите македонски Бугари, кои добиваат најмногу закани, немаат бугарско државјанство, но доставиле документи пред многу години, вака изјавил во интервју за „БНТ“ секретарот на сега затворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков. Тој пред два дена доби бугарско државјанство, а како што вели во интервјуто и понатаму добива закани, кои се зголемиле по официјалното добивање на документите.
Пендиков порачал дека на македонските Бугари им е потребна помош.
„Сакаме да имаме еднакви права како и другите кои живеат во Северна Македонија. Бугарите прво беа малтретирани од државните институции, како што е полицијата. Потоа, нивните фотографии беа споделувани во различни онлајн групи каде што ги нарекуваа предавници и повикуваа на насилство, рекол тој и додал: „Нè направија како црн ѓавол во Македонија“.
Пендиков истакнал дека Бугарија е таква каква што ја очекувале: „Блиска земја која секогаш ни помагала. Не знам зошто, ако ја зборуваме вистината, некои луѓе се навредени од ова“.
Тој изјавил дека „бугарското државјанство му дава да се чувствува спокоен како Бугарин до крајот на животот“.
Во интервјуто обелоденил дека ќе се врати во Македонија на крајот на месецот на следното судско рочиште за нападот врз него.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија