Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека сè уште не се прецизирани плановите во врска со билатералната средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, на самитот на АПЕК што ќе се одржи подоцна овој месец во кинескиот град Шенжен.
„Путин и Трамп ќе се сретнат одделно или ќе се сретнат на маргините на некој настан, но таа комуникација ќе се одвива“, изјави Песков за руските медиуми.
Запрашан да коментира за среднорочните избори во САД, кои се одржуваат утре, 3 ноември, Песков рече дека Москва, како и остатокот од светот, внимателно го следи нивниот тек.
„Што се однесува до изборите, тоа е внатрешно прашање на САД. Ние, се разбира, многу внимателно следиме, како и остатокот од светот. Претседателот Трамп ќе остане претседател до крајот на својот мандат и ќе ја води својата надворешна политика“, изјави Песков.
Тој најави дека Путин ќе разговара со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Шенжен за билатералните односи и координацијата меѓу Москва и Пекинг на меѓународната сцена, двајцата лидерите ќе разменат мислења за сите актуелни прашања.
„Подготовките за овој состанок се потврдени. Со нетрпение го очекуваме овој состанок. Навистина секој пат се радуваме на средбите на високо ниво со нашите кинески пријатели“, рече Песков.
Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
