Пет лица се убиени во вооружен напад во канадско училиште

Вооружен напаѓач уби четири лица и повреди неколкумина, од кои двајца се во критична состојба, во средно училиште во гратчето Ла Лош, во канадската провинција Саскечуан, на околу 600 километри од градот Саскатун.
Пред да го изврши најголемото насилство кое е забележано во Канада во последните десет години, тој пукал во своите двајца браќа во нивниот дом.
Градоначалникот на Ла Лош, Кевин Жанвие изјави дека во нападот загинала и неговата 23-годишна ќерка.
Напаѓачот е уапсен, одземено му е огненото оружје, а мотивите за нападот засега се непознати.
Семејниот пријател Џо Лемегр изјавил дека осомничениот напаѓач, тинејџер, пукал во своите двајца помлади браќа пред да замине кон училиштето за да ги убие наставникот и неговата асистентка.
- Ова е страшен и трагичен ден и очевидно е кошмар за секој родител, изјави канадскиот премиер Џастин Тридо, кој се наоѓа во Давос каде учествува на Светскиот економски форум.
Масовните вооружени напади се многу ретка појава во Канада, каде законите за оружје се многу построги и од САД.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
