Македонија
22. October 2021 - 21:14

Петар Тодоров: Ништо не наговестуваше оставка на Ѓорѓиев

Македонските членови на мешовитата комијата за историски прашања се изненадени од потегот на нивниот сега веќе поранешен колега Ванчо Ѓорѓиев кој си поднесе оставка како што вели поради политички притисоци. За историчарот кој е и член на комисијата Петар Тодоров, одлуката на Ѓорѓиев е неочекувана затоа што до сега немало никакви проблеми во комисијата, а имало и согласност од сите членови за сите затворени прашања. 

За да не се политизира работата на комисијата, Тодоров повикува да се објават документите за кои се усогласите и двете страни.

Инаку како што истакна Тодоров, до сега комисијата усвоила препораки за заедничко чествување на Св.Климент, Св. Наум, Св. Кирил и Методиј, Цар Самоил, а усвоени се и препораки за учебниците во 5-Ти клас во Бугарија и за за 6-то одделение во Македонија, како и препораки за 6-ти клас во Бугарија, а работат и на усвојување на препораките за учебниците во 7-мо одделение во Македонија.