Петков: Ако двете комисии се согласни ќе биде убаво да се вратам со копија од нов учебник, а не само да зборуваме и ветуваме
Јас се радувам што историската комисија е една од пет и не е единствена. Ќе направиме таа да работи почесто и да биде пофункционална со дијалог, рече во Тема на денот на Сител премиерот на Бугарија Кирил Петков.
Запрашан дали има потреба од промена на членови во комисијата премиерот Петков одговори прво да се почека да се види до каде се стигнати, да се видат деталите.
-Првата задача им е да посочат за што се согласуваат а за што не, до тој момент. Да го земеме тоа за што се согласни и да го направиме реално. Ако двете страни се согласни за одредена тема, на пример за учебникот за седмо одделение, тоа за што се сложни да биде применето. Ќе биде убаво јас како премиер да се вратам со копија од нов учебник, а не само да зборуваме и да си ветуваме. Во основа на историската и образовна група, согласноста што ја постигнавме до тој момент, веќе е реалност, рече Петков.
Ново на Сител
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници
-
Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата
-
Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година
-
АХВ: На македонскиот пазар не е пласиран сендвич со шунка контаминиран со листерија
-
Упасени двајцата малолетни хулигани поради претепување и убиство на братот на вицепремиерот на БиХ
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори