-->
-->
Петков: Бугарија нема да подлегне на рекетот на Русија и плаќањето на гас во рубљи
-->
Бугарскиот премиер Кирил Петков на почетокот на седницата на бугарската влада рече дека таа е подготвена за сценарио за прекин на испораката на рускиот природен гас, а од своја страна во моментов го разгледува договорот за транзит низ неговата земја.Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Бугарија нема да подлегне на рекет и уцени да го плаќа природниот гас во руски рубљи, а во исто време нема да го намали снабдувањето со природен гас за потрошувачите во земјата. Министерството за енергетика на Бугарија има јасен акциски план во сегашната ситуација, рече Петков. Премиерот на Бугарија коментираше дека властите во земјата на ниту еден начин нема да го намалат снабдувањето со гас на потрошувачите.
– „Прекинот на испораката на гас за Бугарија од страна на Газпром е кршење на сегашниот договор – рече Петков.
Според него, Бугарија ги преиспитува сите договори со Газпром, вклучително и договорот за транзит низ Бугарија, бидејќи еднострано дејство на изнуда е неприфатливо.
Бугарскиот премиер денеска имаше телефонски разговор и со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Петков од него добил уверување дека физичката изградба на интерконекторот со Грција ќе заврши во јуни. Петков најави дека постои можност и за испораки пред тоа кон Бугарија од Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
