Петмина повредени во девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа
Пет лица се полесно повредени во четири од вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет е причинета материјална штета.
Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 15 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 51 возило.
Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Аврам Писевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите