Свет
17. January 2025 - 9:21

Пезешкијан во Москва на разговори со Путин за стратешкото партнерство меѓу Иран и Русија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин за стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Иранскиот претседател на аеродромот Внуково го пречекаа министерот за енергетика Сергеј Цивилев, заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко и шефот на Одделот за државен протокол Игор Богдашев, пренесува руска новинска агенција.

Путин и Пезешкијан треба да потпишат договор за стратешко партнерство, кој треба да го замени сегашниот документ со кој се регулираат основите на односите и принципите на соработка меѓу Иран и Русија, потпишан во Москва во 2001 година, пренесува агенцијата.