Фудбал
27. August 2017 - 21:07

ПФЛ: Шкендија се врати на врвот

Екипата на Шкендија со победата над Акамедија Пандев со 2:1 во единствениот натпревар одигран денеска од 3.коло од Првата фудбалска лига се врати на првото место на табелата.  Головите за Шкендија ги постигнаа: Арменд Алими во 19. минута и Стениот Жуниор во 30. минута, додека стрелец за Академија Пандев беше Љупчо Дириев во 88. минута.
 
Натпреварот Работнички – Вардар е одложен.
 
На вчера одиграните дуели: Силекс – Пелистер 1:4, Скопје – Ренова 0:0 и Победа – Шкупи 2:1.
 
Табела: Пелистер 7, Шкендија 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Вардар 3, Победа 3, Работнички 2, Ренова 2, Скопје 1, Шкупи 1