Пијано вечер на „Охридско лето“ со украинското дуо Зајцева – Таванец

Музичката програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на украинското „Киев пијано дуо“, составено од извонредните пијанисти Олександра Зајцева и Дмитро Таванец.
Пијанистичкиот двоец има настапувано во повеќе земји во Европа, а нивните концерти секогаш се проследени со возбуда и воодушевување од слушателите. Покрај редовните концертни настапи, ова дуо со години наназад учествува и на некои од најпрестижните натпревари во Европа, освојуваjќи голем број награди. Покрај изведувачката дејност, Олександра и Дмитро се јавуваат и како организатори и уметнички директори на Меѓународниот фестивал „Чејмбр мјузик сешн“ (Chamber Music Session). Неодамна го издадоа и својот прв компакт диск, со дела за четирирачно пијано од австрискиот композитор Франц Шуберт.
Олександра Зајцева како солист е добитник на голем број национални и интернационални награди на повеќе натпревари, меѓу кои - интернационалниот натпревар по пијано „Во сеќавање на А. Рубинштајн“ во Полска, интернационалниот натпревар по пијано „Антонин Дворжак“ во Чешка и др. Нејзината солистичка кариера опфаќа концерти и надвор од родната земја, а неретко може да се сретне и на програмите на некои од најзначајните фестивали во Европа. Моментално работи како професор по пијано на Националната музичка академија во Украина.
Дмитро Таванец додипломските и постдипломските студии ги завршил на Националната музичка академија во Украина. Освен како камерен музичар, како солист досега настапувал на голем број фестивали во Европа, а добитник е и на повеќе награди на национални и на меѓународни натпревари. Од 1999 година работи со Националниот ансамбл на солисти „Киев камерата“.
Концертот ќе се одржи на сцената во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.
Ново на Сител
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
