Македонија
24. јуни 2026 - 16:34

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање

Пензионерите да бидат спокојни – редовната исплата на пензиите не е доведена во прашање а над 340 000 граѓани кои се во оваа категорија нема да имаат проблем и со користењето на здравствени услуги, тврдат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување по забелешките во ревизорскиот извештај за работењето на институцијата во  2024 година. 

Од ПИОМ со уверување дека не е доведена во прашање и финансиската стабилност на Фондот а ревизијата се однесува на времето на претходното раководство. 

- Значителен дел од забелешките на ревизорите се однесуваат на состојби кои се провлекуваат со години и биле нотирани и во претходни ревизорски извештаи, што укажува дека станува збор за наследени системски слабости.

Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно работење и на системот на јавни набавки се веќе надминати, а механизмите воспоставени на крајот на 2024 и во текот на 2025 година, значително го намалуваат ризикот од повторување на констатираните состојби во иднина и ова е нотирано во извештајот на ДЗР во прилот на забелешките од Фондот на ПИОМ.

За долгот кон Фондот за здравствено осигурување од ПИОМ со образложение дека тоа не е поради нарушена финансиска стабилност туку поради зголемувањето на пензиите. 

Вчера Државниот завод за ревизија во конечниот извештај со забелешки дека наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата во 2024, пропусти во јавните набавки, кадровски недостаток и доцнење во уплата за здравствено осигурување на пензионерите.