Пјонгјанг: Вашингтон и Сеул се обидуваат да го нарушат имиџот на Северна Кореја

Северна Кореја денеска оцени дека е „апсурдно“ да се тврди дека нервниот гас „VX“ е искористен во убиството во Малезија на полубратот на лидерот на оваа земја, Ким Џонг-нам, наведувајќи дека овие тврдења не се темелени на научни факти.
Британските медиуми пренесуваат дека Северна Кореја оваа изјава ја нарече „обид на САД и Јужна Кореја да го загрозат нејзиниот имиџ“.
Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Бјунг вчера на конференцијата на ОН во Женева за разоружување рече дека Северна Кореја поседува илјадници тони хемиско оружје, вклучувајќи го и нервниот отров „VX“, пренесоа британските медиуми.
- Неодамнешното убиство е повик за будење на сите нас дека Северна Кореја поседува хемиско оружје и дека е подготвена да го искористи, рече тој и додаде дека државите треба да усвојат Конвенција за хемиското вооружување.
Северна Кореја вчера како „нелогични и неодговорни“ ги оцени наводите на Јужна Кореја за тоа дека Пјонгјанг може да го загуби местото во ОН заради „користење на хемиско оружје во убиството во Малезија на полубратот на севернокорескиот лидер“.
-Северна Кореја во целост ги отфрла подлите, неодговорни, дрски и нелогични коментари од Јужна Кореја, изјави дипломатот Ју Јонг-чои во Женева на конференцијата на ОН за разоружување.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
