Македонија
29. јуни 2022 - 12:31

Планинските спасители бараат да бидат вклучени во системот

Работата на планинската спасителна служба не е законски дефинирана, нејзината функција е споменета во законот за заштита и спасување  во мал дел, но не се третира соодветно волонтерскиот принцип на организирање.
 
Спасителите на планина бараат системски решенија по теркот на Хрватска кои ќе им дадат овласувања на волонтерите за да обезбедат поголема безбедност за граѓаните.
 
Имплементацијата на современите трендови во планинското спасување претставува предизвик за регионот за креирање добар и безбеден туристички производ. 
 
Минатата година планинската спасителна служба интервенирала во 50 случаи во Охрид додека во првите 5 месеци од годинава имала 16 успешни спасителни интервенции.