-->
-->
Плата 1.800 евра: Германија има потреба шофери, автомеханичари,чистачи
-->
Германскиот град Берлин има најголема потреба од работници, а зад него се Минхен, Хамбург. Повеќе од 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.Во секторот трговија има најголема потреба од кадар. Платите за продавачите се движат околу 1800 евра. Барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час. Платата за чистачи се движи до 1.800 евра.
Фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70.000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Во машинската индустрија работниците земаат околу 65.000 евра бруто плата годишно.
Со оглед на тоа што побарувачката за работа токму во оваа држава е преголема ви нудиме комплетен водич како да се преселите и да најдете работа во Германија
Без лажни огласи со информации за плати со астрономски суми, овој водич ќе ви помогне доколку сте сериозни за вашето мигрирање во Германија.
Без разлика дали сеуште сте во Македонија или сте веќе во Германија, најдобриот начин да ја започнете вашата потрага по работно место е на Интернет. Огласи за вработување во Германија можете да разгледате на следниве веб страни:
Федералната агенција за вработување: Федералната агенција за вработување (Bundesamt für Arbeit, или скратено BA) е клучниот посредник помеѓу луѓето и фирмите во врска со сите прашања кои ги засегаат темите вработување и тренинзи за вработување. Главна задача на Федералната агенција за вработување е да им помогне на луѓето да најдат работа. Па така, најголемиот веб портал полн со огласи за вработување ѝ припаѓа токму на оваа агенција. На вебсајтот на Федералната агенција за вработување, можете да пребарувате по категории. Пребарувачот е достапен на германски, англиски и француски, но во моментов најмногу од огласите се напишани само на германски јазик.
Имате прашања во врска со потрагата по работа или работењето во Германија? Експертите од Центарот за миграциска поддршка (VWC) при Федералната агенција за вработување се тука да ви пружат помош на германски или на англиски: остварете разговор во живо ТУКА или обратете се на следната меил адреса make-it-in-germany(at)arbeitsagentur.de.
“Make it in Germany” огласи за работа: Тука, можете да направите таргетирани пребарувања и да дознаете во кои професии моментално има потреба од квалификуван кадар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
