Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.
„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада.
И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.
Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат.
По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.
Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.
Ново на Сител
-
Двајцата пратеници на НСДП во Собранието ќе делуваат опозициски
-
Со МЗШВ до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерката Вјолца Бериша
-
Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство
-
Санкционирани 185 возачи на мотоцикли
-
ДС: Реорганизација на министерствата
-
Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна
-
ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура
-
За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар