Пленковиќ од „Фајзер“ очекува да го исполни договорот за набавка на вакцините
Пазарот за вакцини против коронавирусот е „киднапиран“, има земји кои плаќаат повеќе за да дојдат до нив, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, додавајќи дека Хрватска нема да биде меѓу нив, но дека очекува американската компанија „Фајзер“ да го исполни договорот за испорака на вакцините.
Пленковиќ потсети дека владата минатата недела се согласи Хрватска да има поцврст став за различната динамика на испораката на вакцини.
-Сега дипломатијата во врска со вакцинацијата малку се промени и се претвори во киднапирање. Одредени земји плаќаат повеќе од договореното. Се уште не сме се обиделе да набавиме вакцини од други производители, туку останавме како што беше договорено, рече премиерот по состанокот на владата.
Премиерот додаде дека како држава не размислуваат да го контактира производителот на вакцини директно, бидејќи смета дека штом ќе се направи договор, тогаш тоа е готово.
На прашањето дали Хрватска ќе го тужи „Фајзер“ за непочитување на договорот, Пленковиќ рече дека верува дека производител што не се придржува кон договорот треба на Хрватска да и плати казни за нередовната испорака.
-Доколку имате договор за кој сте преговарале и доколку платите добра цена, не ја гледам поентата во нови преговори или понуда за повисока цена. Претпоставувам дека треба да ни платат казни за непочитување на договорот. Мислам дека е нормално и двете страни да го следат договореното и ќе ги искористиме сите средства што ги имаме за тоа да се случи, рече Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола