-->
-->
Плоштадот „Коцка“ во Автокоманда ќе добие нов изглед
-->
Плоштадот „Коцка“ во Автокоманда, кој се наоѓа зад Домот на културата „Димитар Влахов“, ќе добие нов изглед. Граѓаните од овој дел на Гази Баба ќе добијат ново катче кое ќе биде мултифункционално, наменето за сите возрасти.Проектот, како што соопшти општина Гази Баба, се гради во три фази. Првата фаза ги опфаќа најкрупните зафати и тие речиси се готови. Поставено е ново економично смарт осветлување, изградени се пристапните рампи за лица со инвалидност кои меѓу себе се поврзани.
Во фаза на изградба е новата пристапна платформа која ќе го поврзе плоштадот со Домот на култура, а се работи на плочникот кој ќе биде обложен со ситнозрнест гранулиран бетон, како и на скалите на плоштадот. Првата фаза ќе се финализира со поставување урбана опрема.
- Целиот простор ќе има форма на отворена сцена која ќе претставува одлично место за културни манифестации, а ќе се простира на површина од 2.300 метри квадратни, се вели во соопштението од општина Гази Баба.
Во втората фаза ќе се гради современо детско игралиште, а во третата ќе се уредува паркинг просторот, кој ќе биде ограничен само на потребите на станарите или сопствениците на дуќаните во околината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
