Loading Video...
Фудбал
22. February 2020 - 15:53
ПМФЛ: Минимална победа на Вардар на гостувањето кај Борец
Со натпреварот во Велес меѓу Борец и Вардар кој се играше попладнево, отворена е 20-тата рунда во ПМФЛ
Лидерот на табелата Вардар ја оствари 12-тата победа сезонава и тоа совладувајќи го Борец на гости со 1:0. Стрелец на единствениот гол вреден нови три бода за вардарци беше Аврамовски во 33-тата минута од натпреварот.
Во пресрет на утрешното дерби во Кратово, каде ќе играат второ и трето пласираните екипи на табелата, лидерот Вардар има 11 бодови повеќе од Шкендија, а 12 повеќе од Силекс.
Дербито меѓу Силекс и Шкандија како и средбите, Работнички - Шкупи и Ренова - Струга ТЛ ќе се играат во терминот од 14 часот, додека еден час порано ќе започе дуелот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев.
ТАБЕЛА:
1 ВАРДАР 42 бодови
2 ШКЕНДИЈА 31
3 СИЛЕКС 30
4 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 27
5 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 26
6 ШКУПИ 25
7 СТРУГА Т.Л. 24
8 БОРЕЦ 20
9 РЕНОВА 19
10 РАБОТНИЧКИ 18
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->