По 25 години Штип повторно доби кино
После 25 години, во Штип повторно отворено кино, во салата на мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“. Киноверзум инвестираше 100 000 евра за адаптација на кино салата и вградување на софистицирана опрема и ласерски проектор за врвен квалитет на слика. Премиера ќе има секој четврок, а влезниците ќе чинат 200 денари.
- Очекувам штипјани да го посетат ова кино, оваа кино сала, која што е една од најсовремените со најсовремена проекција на филмови. На задоволство на сите нас, од денеска започнува проекцијата на филмови, она што беше потреба и барање на нашите сограѓани, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Претходно беше поставен камен темелник на катната гаража на две нивоа во строгиот центар на градот.
- Вкупната инвестиција е 11 милиони денари, а рокот на изведба е 60 денови, додаде Јорданов.
Предвидени се 56 паркинг места, а до крајот на година се планира изградба на уште две катни гаражи.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар