Loading Video...
Фудбал
22. September 2020 - 9:30

По десети пат во низа Манчестер Сити со победа ја отвара новата сезона

Екипата на Манчестер Сити забележа победа на гостувањето кај Вулверхемптон со 3:1 во натпревар од воведното коло на новата сезона во Премиер лигата. 
 
Со овој успех, екипата на Сити стана првата во историјата на Премиер лигата која десет години во низа со победа ја започнува новата сезона. 
 
А, победата избраниците на Гравриола ја најавија уште во првиот дел, во кој со головите на Де Бруине од пенал во 20-тата и Стерлинг во 32-та минута имаа предност од 2:0. 
 
Мексиканецот, хамес Родригез во 78-минута ја врати неизвесноста намалувајќи на 1:2, но во петата минута од судиското дополнение (90+5), Габриел Жезус ги разреши сите дилеми поставувајќи ги конечните 3:1 на Манчестер Сити.