По директорот, се огласи и сопственикот на „Нефа мебел“
Управителот на Hollodex doo Белград, сопственикот на „Нефа мебел“ дооел Скопје, Виталиј Сергеев во отвореното писмо до јавноста ги информира купувачите и сите заинтересирани лица дека сите ќе го добијат својот мебел или пари кои им следуваат.
Отвореното писмо Ви го пренесуваме во целост:
Почитувани потрошувачи и вработени,
Искрено се извинуваме и жалиме за стресот кој го претрпевте поради медиумските објави со содржина дека наводно „руски крадци и измамници“ со вашите пари избегале од Србија и Македонија. Ве уверуваме дека тоа не е точно. Матичната компанија Hollodex ДОО Белград мошне сериозно ја сфати оваа ситуација и ќе издвои средства да ги обештети своите купувачи и вработени.
ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НИТУ ЕДЕН ОД НАШИТЕ КУПУВАЧИ И ВРАБОТЕНИ НЕМА ДА БИДЕ ИЗМАМЕН И ОШТЕТЕН и сите ќе го добијат својот мебел или своите пари кои им следуваат.
Ве молиме да имате разбирање за тоа дека ни е потребно време да ги обезбедиме средствата и да организираме исплата на истите. Ќе дадеме се од себе тоа да биде во најскоро време. Исто така, ќе се обидеме повторно да ја активираме веб страницата www.nefa.mk на која најдоцна до 07.06.2019 ќе ве известиме за понатамошните чекори и начинот на поднесување на барањата за обештетување.
Свесни сме дека се чувствувате загрозено во ситуацијата со недостатокот информации и голема медиумска бука. Затоа ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не шират непроверени информации. Имено ве известуваме дека колешката Јулијана Вицо, една од највредните менаџери за продажба во Србија која беше пратена во Македонија и назначена за нов управител на НЕФА МЕБЕЛ Скопје на 10.05.2019 година со цел за да ја провери состојбата во која се наоѓа Друштвото, замина од Македонија бидејќи не се чувствуваше безбедно во вашата земја поради телефонските закани од одредени лица упатени кон неа лично. Истовремено, ги молиме почитуваните претставници на медиумите да не ги вознемируваат и другите нашите колеги и вработени во НЕФА МЕБЕЛ Скопје кои и покрај сите предизвици даваат големи напори за да ги обештетат нашите купувачи.
Сакаме да нагласиме дека имаме цврста намера и пред затворењето на проектот во Македонија да ги исполниме сите превземени обврски кон нашите потрошувачи и вработени со сета почит која ја заслужиле, стои во отвореното писмо на Виталиј Сергеев, управител на Hollodex doo Белград.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
