Loading Video...
Кошарка
18. February 2021 - 17:36

По голема борба македонските кошаркари поразени од Италија

Македонските кошаркари се поразени од Италија на стартот од последниот квалификациски турнир за пласман на Европскиот шампионат
 
На квалификацискиот турнир што се одржува во перм, Русија македонските кошаркари се совладани од Италија со 92-84. 
 
Поразот од седум поени не е реалната слика на текот на мечот во кој нашите репрезентативци во вториот период имаа и седум поени предност, а беа во игра се до завршните 90-тина секунди. Сепак на крајот Аѕурите беа оние кои се радуваа на победата. 
 
Четворица наши репрезентативци завршија со двоцифрен број на поени. Ненад Димитриевиќ на 24-те поени придодаде 12 асистенции. Џекоб Вајли покрај 17-те поени имаше и шест, а Бојан Трајковски на 11 поени придодаде 7 скокови, додека капитенот Војдан Стојановски мечот го заврши со 15 поени 
 
Прикажаната игра на овој меч влева надеж дека нашата репрезентација може да ја оствари посакуваната цел, односно да биде подобра од Естонија во последниот натпревар од квалификациите закажан за во понеделник. 
 
Во меѓувреме утре (15:30 часот) ќе играме против Русија, а по саботниот ден за одмор, во недела не очекува нов меч против Италија.