Македонија
16. August 2024 - 16:35

По пресудата Наќе Ѓеоргиев повеќе не е врховен судија, Судски Совет бара повисоки казни за корумпираните судии

Наќе Ѓеоргиев, кој вчера преку спогодба со обинителството беше осуден на 3 години затвор поради поткуп, повеќе не е Врховен судија. Судскиот совет констатираше дека му е прекината судската функција. Иако се работи за техничко констатирање, сепак, дел од челновите на Судскиот совет го коментираа случајот.

Дамева вели дека ова е прв чекор да се зголеми довербата во судството, но и да се даде шанса на Судскиот совет да покаже дека навистина е на страната на правдата. Ги повика граѓаните да ги пријавуваат корупираните судии. Нејзината колешка Димовска пак, не е задоволна од казната која ја добил Ѓорѓиев како корумпиран судија.

Ѓеорѓиев не е единствениот осуден за поткуп за преку своето судско влијание да обезбеди помала казна за екградоналланикот на Ново Село Боро Стојчев за шверц на цигари. Вчера преку спогодба со обивнителството со условна осуда и забрана за вршење на дејност помина и Иџет Мемети, екс народен правобранител и член на Советот на обвинители.

Премиерот МИцкоски пак вели пресудата е потврда за тоа зошто судството има доверба од 2 отсто.

Ѓеорѓиев ја изгуби судската функција врз оснона на законот за судовите, според кој на судија му престанува мандатот ако е осуден на безусловна казна од најмалку шест месеци. Престанок на функцијата член на Судски совет на Меџити пак, ќе треба да му констатира Собранието. Тој таму веќе ја депонираше својата оставка.